Ви благодариме за вашиот интерес за нашата веб-страница. Би сакале да ве потсетиме дека ќе се смета дека сте разбрале и сте се согласиле за сите прашања наведени подолу, од моментот кога сте се регистрирале и сте започнале со користење на нашата веб-страница.

1. Опис на услугата
www.sushico.mk е веб-страница што им овозможува на оние што ја посетиле и ги комплетирале процедурите за членство, да нарачуваат оброци преку Интернет и да ја добијат услугата за достава на нарачаните производи по правилно реализираната нарачка.

2. Процедури за членство
За да можете да ја користите услугата на www.sushico.mk веб-страница, задолжително е претходно да станете член. За да стане член, корисникот кој пристапува на веб-страницата е потребно да одреди е-пошта како негово „корисничко име“ и наведува „лозинка“. Корисничкото име (е-пошта) е ексклузивно за еден член и истото корисничко име (е-пошта) не може да го користат повеќе членови во исто време. „Лозинката“ му е позната само на корисникот. Корисникот може да прави промена на лозинката во секое време. Одговорноста за изборот и заштитата на лозинката е исклучиво на корисникот на услугата. www.sushico.mk нема да биде одговорен за никаков проблем кој би произлегол од користење на одбраната лозинка.

3. Доставување на производите
За време на доставата на производот од страна на www.sushico.mk, доколку клиентот не може да се најде на адресата наведена во нарачката, оброците никогаш нема да се доставуваат на друга адреса. Во тој случај, членот е должен да преземе правни одговорности што можат да произлезат за поставување на налог што ќе биде доставен на адреса на која тој / таа не е достапен.

4. Обврски на членовите

Членот (корисникот) изречно се согласува дека: а. корисничките детали во формуларот за регистрација на веб-страницата www.sushico.mk се точни и дека тој / таа ќе одговара за какви било загуби или штети што можат да произлезат од погрешни или нецелосни детали (на пр. заборавање на лозинка итн.) и во тој случај неговото членство може да престане,
б. членот ќе биде лично одговорен за секоја трансакција што ќе ја изврши со своето корисничко име,
в. членот треба да ја плати цената на услугата што веќе му е искалкулирана и соопштена со веб нарачката за време на испорака на производите, а во спротивно дека производот може да не се достави до него / неа. Податоците достапни преку Апликацијата се информативни и не претставуваат замена за регуларната фискална сметка која му се доставува на корисникот при достава на нарачката,
г. авторските права на услугите обезбедени од софтверот користен од страна на www.sushico.mk припаѓаат на www.sushico.mk и истиот не смее да се копира, репродуцира или дистрибуира на кој било начин,
д. секој запис или материјал добиен со користење на www.sushico.mk е во целосна согласност со корисникот и одговорноста за какво било недостаток, нефункционалност и загуба на информации и други загуби предизвикани во компјутерот на корисникот со таков запис или материјал, останува на корисникот. Корисникот се согласува дека тој / таа нема да бара отштета од www.sushico.mk за каква било штета што може да настане заради употребата на услугата,
ѓ. Тој / таа нема да ги користи услугите на www.sushico.mk за комерцијални цели или промоција без да добие согласност од www.sushico.mk,
e. додека има бенефит од услугите на www.sushico.mk, тој / таа ќе биде единствено одговорен за документите, фајловите или останати информативни материјали што ги испратил, како и за личните информации што ги испратил на www.sushico.mk и дека www.sushico.mk нема да биде одговорен за овие документи, фајлови и други форми на материјали,
ж. тој / таа нема да пристапува до услугите што се обезбедени на www.sushico.mk со какви било средства и намери, освен оние што се наведени од www.sushico.mk и без овластување, корисникот нема да прави никакви обиди за промени и злоупотреба на софтверот на било кој начин и дека тој / таа ќе плати материјални и нематеријални штети што може да ги нанесе на www.sushico.mk од сопствените постапки,
з. дека коминикацијата, насловите на коресподенцијата и прекарите кои се користат на порталот ќе го почитуваат јавниот морал и во согласност со законските правила,
ѕ. корисникот нема да испрати никакви податоци или програми што можат да предизвикаат оштетување на системот или податоците или софтверот на www.sushico.mk или на компјутери на останатите корисници,
и. на www.sushico.mk му е дозволено да го надгледува целиот систем во кое било време или континуирано и во случај на било каков акт за прекршување на овие услови, www.sushico.mk ќе има право да преземе неопходни мерки и да го отстрани членот од можноста за користење на услугата и да го прекине членството,

5. Процес на нарачки и продажба

а. Продажбата и нарачката на www.sushico.mk е ограничена на достапните производи од менито што се нуди и е објавено во дадениот момент. www.sushico.mk има право да се воздржи од доставување производи што не се достапни во ресторанот.
б. www.sushico.mk има право и овластување да ги менува цената и карактеристиките/составот на понудените производи, во кое било време, без претходна обврска да направи јавна објава за тоа. Во случај на грешка во цената и карактеристиките на производот, www.sushico.mk може да го достави производот со тоа што претходно ќе ја корегира грешката, или ќе ја откаже таа нарачка.
в. www.sushico.mk може привремено да ја одложи или комплетно да ја запре работата на овој систем во било кое време.
г. www.sushico.mk не одговара пред членовите или трети лица за привремено прекинување или запирање на системот и нема да има никаква одговорност за таквата постапка.
д. www.sushico.mk може, исто така да користи различни информации што треба да се достават до корисниците и членовите преку веб-страницата www.sushico.mk, а со цел да се унапреди употребата на веб-страницата, контактот со членовите и секаде каде е легално неопходно да се стори истото. Ваквите детали можат да се споделат со вработените во www.sushico.mk или трета страна во која било фаза за време на доставата на нарачката на корисникот, или да се користат за да се анализира и унапреди употребата на веб-страницата од страна на членовите.
ѓ. Доколку не е поинаку побарано од корисникот / членот, www.sushico.mk може да испраќа соопштенија и промотивни огласи за своите производи, услуги, намалувања и акции и останати кампањи преку СМС или е-маил, а со цел да го унапреди квалитетот на услугите и задоволството на членовите.
е. www.sushico.mk може да изврши промени во извршувањето на овој договор, да ги промени постојните обврски или да додаде нови за идните технички потреби или со цел да ги усогласи со законските прописи. ж. www.sushico.mk може да одлучи да направи промена и услуги за кои не е потребно членство да ги префрли во услуги за кои е потребно членство. www.sushico.mk може да објави нови услуги, да направи промени на одредени услуги или одредени бесплатни да ги промени во оние што се наплатуваат.
ѕ. Името и лозинката на корисникот ќе бидат прикажани и одобрени откако ќе се пополнат сите полињата во апликација кои ги побарува www.sushico.mk до клиентот. www.sushico.mk со цел да ги заштити клиентите, може и покрај завршеното пополнување на сите полиња или оние што се задолжителни, иако имаат внесено лозинка, да побара внесување на нова лозинка која смета дека е соодветна.
и. www.sushico.mk има сопственички парава над работите кои произлегуваат од работењето, вклучително и на податоците, софтверот, дизајнот, графиката и слично. Било какво копирање, дистрибуција, пренос, објавување, поврзување, длабинско поврзување или менување, на друг начин, на www.sushico.mk најстрого е забрането.
Ј. Имплементирање на SushiCo поени:
1 SushiCo поен = 1 денар
• Со секоја on-line нарачка, вие добивате SushiCo поени во согласност со актуелните скалила на бодување и согласно утврдената вредност.
• Не може да освоите SushiCo поени доколку при нарачката користите одредени промотивни кодови, картичка за лојалност и слични промотивни попусти.
• Не може да освоите SushiCo поени во услови на натреварувања или наградни игри.
• SushiCo поените можете да ги користите најрано со следната нарачка.
• SushiCo поените се валидни само за нарачки направени преку www.sushico.mk. Истите не може да се користат при услуга во самиот ресторан или доколку нарачката е направена на телефонскиот број за достава.
• Не може да освоите SushiCo поени за оние производи кои сте ги добиле бесплатно.
• Доколку не направите нарачка во период од една година, вашите постоечки SushiCo поени ќе се нулираат (ќе бидат поништени).
• SushiCo ги задржува правата да ја прекине on-line можноста за начки и да направи промени во условите, без притоа да даде јавно извесстување за тоа.


6. Ограничувања за лично и не комерцијално користење
Корисниците се согласуваат дека сите нивни купувања се за лична употреба и дека таквите активности нема да се употребат со цел да се пре продаваат.

7. Раскинување
www.sushico.mk може еднострано да го раскине овој договор во секое време.

8. Competent Court and Execution Offices
Седиштето на www.sushico.mk е во Скопје, Република Северна Македонија. Правните спорови кои можат да настанат како последица на посетувањето и користењето на www.sushico.mk се во надлежност на судот во Скопје и се решаваат во согласност со прописите на Република Северна Македонија. Со користењето на веб страната, корисникот е согласен дека било кој правен спор или барање кое ќе произлезе или е во врска со овие Правила и услови вклучувајќи ја и нивната имплементација, е во надлежност на судот во Скопје.

9. Датум на важење
Овој договор започнува да важи откако корисникот ќе ја пополни апликацијата за регистрирање и истиот ќе добие можност за користење на системот и реализирање на нарачки.