КИНЕСКА КУЈНА
Пред 27 години, кога зачекоривме во фасцинантниот свет на кујната на Далечниот Исток, го започнавме нашето кулинарско патување длабоко во богатите и разновидни вкусови на Кина. Ве покануваме да ја откриете уникатната комбинација на кинеската кујна и вкусовите кои оставаат незаборавни траги на непцето. Легендарните вкусови на "Сушико" вклучуваат пилешко во слатко-кисел сос, крцкаво пилешко со ѓумбир, генерал Цо и печена пекиншка патка.